ЖРК Куманово го доби противникот во ЕХФ Купот

Единствениот македонски претставник во Европскиот Куп на ЕХФ, тимот на ЖРК Куманово, денеска го доби својот противник во 1/16 финалниот двомеч.

Станува збор за украинската екипа Галичанка Лавов, која доаѓа во ЕХФ Купот откако испадна во квалификациското 1/2 финале од Европската лига, која е воедно и посилно натпреварување.

Првиот натпревар е планирано да се одигра на 14-ти ноември во Украина, а реванш средбата седум дена подоцна, односно на 21-ви ноември во Куманово.

Сподели

Можеби ќе ве интересира