ЖРК Куманово игра во полн ритам, па победи со +40

Женскиот ракометен состав на Куманово го совлада тимот на Кузман Вардар со 52:12 (25:4), па со една одиграна средба повеќе ќе биде лидер на табелата од Суперлигата.

ЖРК Куманово е на 6 победи во 6 одиграни натпревари, а ЖРК Вардар СЦБТ оствари победа од 40:19 против ЖРК Овче Поле и се изедначи со екипата на ЖРК Металург на можни 15 бодови.

Во тимот на Куманово, најефикасна беше Мила Трајковиќ со 9 погодоци а зад неа на листата на стрелците беше Бранкица Марковиќ со 6. Марија Ивановска и Катарина Митровиќ пак, имаа вкупно 19 одбрани.

Во третиот натпревар за денеска, Гевгелија беше поуспешна од Спартак со 28:27 (14:12).

Одложени беа средбите на Стружанка – Пелистер и Деспина – Шампион, а составот на Металург беше слободен.

Сподели

Можеби ќе ве интересира