ЖРК Куманово по еден ден патување, пристигна во Лавов – утре е првиот предизвик

ЖРК Куманово пред малку пристигна во Лавов, Украина откако вчера во попладневните часови тргна на долг пат целата екипа и стручниот штаб на тимот.

Поради реконструкција на салата во Куманово, екипата на Ненад Краљевски ќе одигра две средби на гости против Галичанка Лавов во нокаут фазата од Европскиот Куп на ЕХФ, односно 1/16 финале. Во нашиот состав, атмосферата е одлична и ракометарките се подготвени за предизвикот.

Првиот натпревар е утре од 18:00 часот (дополнително ќе биде објавен линк за директен пренос), а реванш средбата е во недела во 11:00 часот.

Сподели

Можеби ќе ве интересира