ЖРК Куманово се разбуди од европскиот сон – во два наврати подобра беше Галичанка Лавов

Женскиот ракометен клуб Куманово денеска го заврши учеството во Европскиот Куп на ЕХФ откако испадна од украинскиот тим Галичанка Лавов во 1/16 финале, со вкупни 64:43.

Македонскиот претставник поради немање на можности во својот град, и домашната средба ја одигра на гости во рок од 3 дена. Првиот натпревар беше на програмата во петок од 18:00 часот, а домаќинот стигна до убедлива и лесна победа со 33:17. Мила Трајковиќ и Александра Боризовска постигнаа по 4 погодоци, а Катарина Митровиќ забележа солидни 11 интервенции.

Денеска со почеток од 11:00 часот, се одигра и вториот меч на овие две екипи. Куманово имаше минимална предност по истекот на првите 30 минути, но Галичанка сакаше да остави впечаток на силен и озбилен конкурент па ги израдува своите фанови со подобра игра во вториот дел за уште една победа, овој пат со 31:26. На овој меч, Боризовска се издвои со 7 погодоци од 11 обиди. Зад неа со по 5, беа Медеа Чокели и Јована Кипријановска. Чуварот на мрежата денеска имаше подобар ден за 17 одбрани од 48 примени шутеви.

ЖРК Куманово се враќа во Македонија за настапите во националното првенство каде има огромни шанси за освојување на титулата и оваа година.

Сподели

Можеби ќе ве интересира