ЖРК Куманово со супериорна игра во второто полувреме го совлада Чаир

ЖРК Куманово во дерби дуелот со ЖРК Чаир оствари висока победа од 25:34. Натпреварот се одржа денеска во Скопје, во салата „7 март“.

До средината на првото полувреме се играше гол за гол, а потоа Куманово стигна до позитива од 5 голови. Но, не за долго. Составот на Чаир малку ја стопи предноста, па на полувреме се замина со резултат 16:19 за гостите.

На почетокот на вториот дел, Чаир стигна до нерешен резултат со мини серија. Потоа следуваше силна офанзива и сигурност во одбраната на Куманово, па главниот фаворит за титулата отиде на убави 19:26. До крајот на овој клучен натпревар потребно беше рутинско одработување за конечни 25:34 и високи +9 за кумановки од гостување кај скопски Чаир.

Јована Кипријановска со 9 погодоци беше лидер на тимот во оваа средба. Зад неа беше Ангела Јанкуловска со 5.
Во составот на Чаир, по 5 погодоци постигнаа Анастасија и Марија Николовска.

Двојно повеќе удари од 7 метри беа досудени за домаќините, односно 8, од кои само 5 беа реализирани. Во тимот на Куманово беа посигурни и погодија 3/4.

Сподели

Можеби ќе ве интересира