ЖРК Куманово фуриозно од самиот почеток

Женскиот ракометен клуб Куманово, во првото коло од женската Суперлига, ја запиша и првата победа против Спартак. Домашната екипа од Кисела Вода загуби со 18:34 од силните гости.

ЖРК Куманово ја оправда фаворитската улога и имаше константно водство за време на целиот натпревар. Првото полувреме заврши со 7 голови предност, односно 10:17. Во вториот дел, гостите одлучија уште пред крај да ја завршат работата и ја стегнаа одбраната до крај, па остварија висока победа со 16 голови разлика.

Во екипата на Куманово, со по 5 погодоци се издвоија: Јована Кипријановска, Наталија Пецанова и новото засилување на пикерската позиција, Амела Џакмиќ. Голманите Марија Јовановска и Катарина Митровиќ имаа 12, односно 5 одбрани.

Следниот натпревар ЖРК Куманово го игра за само два дена на домашен терен во 18:00 часот, против тимот на Пелистер.

Сподели

Можеби ќе ве интересира