Заврши првата фаза – за титула ќе се бори и Еурофарм Пелистер 2!

Вториот тим на Еурофарм Пелистер обезбеди место во плеј-оф разигрувањето кое сочинува 8 тимови од најсилната македонска ракометна Суперлига.

Со победата од 16:23 над РК Прилеп, младите битолчани ја задржаа 3-та позиција пред Тиквеш, и обезбедија историски пласман помеѓу најдобрите тимови во втората фаза од националното првенство. Екипата на Александар Јовиќ покажа голем напредок во играта во последните неколку средби и заслужено се најде помеѓу силните тимови.

Во денешните последни натпревари, Тиквеш оствари „пирова“ победа над Работнички со 29:31, а Бутел убедливо славеше во дерби дуелот со Металург, 23:31.

На тимовите од Група А и Група Б кои обезбедија учество во следната фаза, им се приклучуваат РК Вардар и РК Еурофарм Пелистер.

Сподели

Можеби ќе ве интересира