Започнуа СЕХА, познати се термините за Вардар и Еурофарм Пелистер!

Денеска започнува новата сезона од регионалното ракометно натпреварување СЕХА Газпром лига, а во 17:00 часот го отвораат екипите на Нексе и Војводина, во Нашице.

Во оваа сезона, од Македонија ги имаме Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 во група А, односно група Б. Противници на битолскиот тим ќе бидат: Металопластика, ППД Загреб и Татран Прешов, а „црвено-црните“ ќе се борат со: Нексе, Војводина и Мотор Запорожје.

Првиот натпревар за Еурофарм Пелистер е во понеделник од 17:45 часот кога на домашен терен ќе ја пречекаат екипата на Металопластика. Нашиот друг учесник, Вардар, игра дури следната година на 1-ви февруари во Скопје, против Нексе.

Според пропозициите, екипите се поделени во две групи и се игра по принципот “натпревар дома и на гости”. Потоа, во зависност од пласманот во групата, се играат елиминации во осминафиналето. Првопласираните две екипи од групите се директно пласирани во четврт-финале, а оние на 3-то и 4-то место ќе играат во осминафиналето. Потоа се игра четврт-финале каде се приклучуваат Мешков Брест и Веспрем.

Сподели

Можеби ќе ве интересира