Измени во стручниот штаб на Брестовац, повикан и Гоце Георгиевски

Селекторот на машката ракометна репрезентација, Данило Брестовац, ја направи првата измена од последниот скратен состав за квалификациските натпревари од ЕП 2022 против Финска и Швајцарија.

Во составот како замена влезе Гоце Георгиевски, откако Мартин Поповски мора да остане во карантин по вчерашниот позитивен тест на корона. Заедно со него се и Мартин Велковски и Марио Танкоски. Имаше измени и во стручниот штаб, па на местата на Александар Царчев и Никола Матлиески ќе бидат Ице Соколески и Раде Стојановиќ.

Денеска се тестирани сите луѓе од тимот па за наша среќа резултатите се добри – нема позитивен тест и екипата е спремна за утрешната средба со тимот на Финска.

Натпреварот започнува во 20:00 часот со директен пренос на МТВ 1 и МТВ 3 од 19:50.

Сподели

Можеби ќе ве интересира