Изненадување во Битола: Тиквеш го совлада Еурофарм Пелистер 2

Во рамките од четвртото коло на Група Б, попладнево екипата на Еурофарм Пелистер 2 неочекувано загуби од гостинскиот тим на Тиквеш, со тесен резултат од 29:30.

По трите врзани победи и гол разлика од +23, битолчани загубија во четвртото коло од Првата машка ракометна Суперлига на Македонија.

Само да напоменеме дека Ковид-19 вирусот се најде за присутен и во тимовите на РК Струга и РК Охрид, откако веќе во мирување беше ставена Група А.

Сподели

Можеби ќе ве интересира