Кирил Лазаров – најдобар десен бек во последните 10 години!

Легендата на македонскиот спорт, Кирил Лазаров, е прогласен за најдобар десен бек во последните 10 години, според реномираниот портал Handball-Planet.

Порталот ги објави резултатите од „NEXE“ изборот за најдобар играч во изминатата декада, или период од 10 години. Во жирито беа тренери (21), ракометни легенди и новинари од различни земји. Овој состав бираше најдобар играч на секоја различна позиција, а Кире Лазаров убедливо го освои првото место како најдобар десен бек со дури 67% од гласовите. Зад него, на втората позиција беше Ласло Наџ со 23%, а третопласиран беше Алекс Дујшебаев со 10%.

За најдобар ракометар на десетлието е прогласен Никола Карабатиќ.

Во идеалниот тим се наоѓаат: Тиери Омеје, Уве Генсхајмер, Микел Хансен, Лук Абало и Џулен Агинагалде. Приматот најдобар дефанзивец му е доделен на Виран Морoс.

ФОТО: Курир.мк

Сподели

Можеби ќе ве интересира