Комплетирана втората рунда од ракометната Прва Лига

Вчера се одигра втората рунда од вкупно седумтте, во Првата машка ракометна лига, каде домаќини на мини турнирите беа РК Јехона и вториот состав на РК Металург. Денеска пак, на програмата се веднаш и натпреварите од третата рунда каде домаќин во Група А е РК Преспа, а во Група Б, тоа е РК Делчево.

Во Група А, РК Шампион се издвои на првата позиција по два одирани натпревари победувајќи го тимот на РК Преспа со 26:25. РК Драчево и РК Аеродром пак, забележаа сигурни победи и се на делба на втората позиција со по 4 освоени бодови. Тие беа подобри од РК Риниа со 38:25 односно од РК Јехона со 25:33. ГРК Борец со првата победа му го нанесе и вториот пораз на составот од Кичево со 27:38.

Во Група Б, со максимални 6 бодови се РК Металург 2, РК Скопје и РК Вардар-Неготино. Тие беа поуспешни од РК Делчево-Вардар со 28:43, РК Партизан со 21:35 и РК Македонија Ѓ.П. со 31:26. Екипата на МРК Куманово ја оствари првата победа. Кумановци одиграа рутински дуел против РК Текстилец со 19:28.

Денеска е планирана да се одигра третата рунда од Првата машка ракометна лига.
Ова се дуелите поединечно во двете групи:

Група А: Домаќин РК Преспа:

12:30 ГРК Борец – РК Шампион
14:45 РК Риниа – РК Јехона
17:00 РК Аеродром – РК Кичево
19:15 РК Преспа – РК Драчево

Група Б: Домаќин РК Делчево:

12:30 РК Македонија Ѓ.П. – РК Текстилец
14:45 РК Металург 2 – РК Вардар-Неготино
17:00 РК Скопје – РК Делчево- Вардар
19:15 МРК Куманово – РК Партизан-Скопје

Сподели

Можеби ќе ве интересира