Куп на Македонија: Најдобрите 16 ракометни екипи обезбедија втора фаза

Македонскиот ракометен Куп за мажи започна минатата недела, откако првин беше завршена елиминациската фаза каде учество во осминафиналето обезбдија 16 победници од првите дуели за оваа сезона. Во следната фаза, ќе се формираат четири групи од по четири тимови, кои ќе бараат место во најдобрите осум за 2021 година.

Елиминациските мечеви се одиграа без реванш дуел, во повеќе термини. Во продолжение, можете да ги погледнете сите резултати но и записници за статистичкиот дел.

РК Вардар – РК Текстилец 47:11 (записник)
РК Преспа – РК Струга 16:32 (записник)
РК Еурофарм Пелистер 2 – РК Јехона 40:19 (записник)
РК Пролет – ГРК Борец 38:19 (записник)
РК Кичево – РК Бутел Скопје 18:53 (записник)
РК Прилеп – РК Аеродром 31:23 (записник)
РК Риниа – РК Работнички 14:30 (записник)
РК Шампион – ГРК Тиквеш 23:34 (записник)
РК Јуниор – РК Драчево 32:24 (записник)
РК Партизан – Голден Арт 19:45 (записник)
РК Металург 2 – РК Радовиш  25:30 (записник)
МРК Куманово – РК Металург  26:36 (записник)
РК Астраион Хендбол – РК Македонија Ѓ.П  31:19 (записник)
РК Младост – РК Скопје 29:28 (записник)
РК Еурофарм Пелистер – РК Вардар Неготино  45:11 (записник)
РК Делчево Вардар – ГРК Охрид  12:45 (записник)

Сподели

Можеби ќе ве интересира