ЛУДИЛО: Ракометен натпревар со заштитни маски, играл и македонец

Натпреварот од шпанската ракометна лига АСОБАЛ, на Адемар Леон и Синфин, не понудил некои спектакуларни потези и врвен ракомет, но ќе биде запаметен по нешто друго.

Имено, вчерашната средба беше прва од таков тип. Сите играчи носеле заштитни маски, некои правилно но некои и не.

Организацијата била според силни протоколи за безбедност на здравјето од моменталната ситуација со вирусот корона, па сите играчи и судии морале да носат заштитна маска на лицето за време на целиот меч.

Адемар Леон го добил натпреварот со 31:23, а за гостинскиот тим на Синфин настапува и македонски ракометар.
Станува збор за Дарко Димитриевски, кој постигнал 1 погодок.

Сликите од овој чуден и смешен настан ги објави Расмус Бојсен, ракометар во норвешкиот клуб Елверум.

(Facebook/boysenrasmus/)

Сподели

Можеби ќе ве интересира