Македонија пристигна во Шафхаузен – Манасков остана во Скопје

Машката ракометна репрезентација вечерва со почеток во 18:30 часот го игра вториот квалификациски меч за ЕП 2022, овој пат против Швајцарија, и директен пренос на МТВ.

Македонскиот тим пристигна во Шафхаузен и одржа официјален тренинг, но без Дејан Манасков кој остана во Скопје. Причината е јасна – строгите закони при влез во Унгарија. Нема можност во Швајцарија да се направи тест кој ги исполнува условите на здравствената организација на земјата во која настапува нашето крило. Во Скопје остана и Марко Кизиќ, а на местото на Манасков, нашиот селектор го повика Милорад Кукоски.

На левото крило, единствена опција ќе биде Бојан Маџовски.

Другите ракометари се истите кои беа дел од натпреварот против Финска, кој рутински го добивме со 33:24.

Сподели

Можеби ќе ве интересира