Машката ракометна Суперлига во целосен прекин

Ракометната федерација на Македонија, во мирување ја стави и Групата Б од машката ракометна Суперлига, поради голем број на пријавени членови од РК Работнички со позитивни тестови на вирусот Ковид-19.

Ракометот во оваа група ќе биде прекинат 15 дена, после кои ќе се направи нов скрининг и ќе се донесе соодветна одлука.

Претходно, РФМ го суспендираше и натпреварувањето во Група А, каде дури четири екипи пријавија играчи со позитивни тестови на Ковид-19.

Одложен е и стартот на Првата лига, па моментално активна е само Женската ракометна лига.

(ФОТО: mkd.mk)

Сподели

Можеби ќе ве интересира