Металург го пречекува Криенс во 2. квалификациско коло од ЛЕ

Металург Скопје денеска со почеток од 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански“, го пречекува швајцарски Криенс во првиот натпревар од 2. квалификациско коло од Лига Европа при ЕХФ.

Екипата од Скопје е комплетна и подготвена за првиот дуел, откако сите направени тестови за Ковид-19 се негативни.
Швајцарскиот тим вчера допатува во главниот град и го одржа својот официјален тренинг.

Арбитри на денешната средба ќе бидат Матија Губица и Борис Милошевиќ од Хрватска, а делегат на натпреварот ќе биде македонецот Камер Металари.

Според се уште истата одлука која е на сила, спортските натпревари се одржуват без присуство на публика.

Реванш дуелот во Цирих се игра една недела подоцна, односно на 29. септември.

Сподели

Можеби ќе ве интересира