Металург и без странците лесно се справува во лигашките средби

Металург убедливо го совлада тимот на Младост од Богданци на средбата од 12-та рунда, која вчера се одигра во Автокоманда.

Составот на Металург беше без странските играчи, но беа успешни со „македонски погон“ и го надиграа противникот за конечни 37:26 (21:10).

Овој натпревар за Металург е петти едноподруго за многу кратко време, и е одигран само ден по тешка средба против екипата на Фиверс во Лига Европа. Но, тоа не се почувствува во играта на ракометарите, кои многу брзо го скршија отпорот на противникот и победата ја извојуваа уште во првото полувреме.

До крајот на регуларниот дел, Металург го очекуваат уште две средби: веќе утре со РК Тиквеш во Кавадарци, а во недела се игра домашното дерби со тимот на Бутел.

Сподели

Можеби ќе ве интересира