Металург и Еурофарм Пелистер ги добија противниците во Лига Европа

Денеска во Виена, се одржа ждребот за групната фаза од Лига Европа, па РК Металург Скопје и РК Еурофарм Пелистер ги добија своите противници во второто по квалитет европско клупско натпреварување.

Металург е избран во Група А, заедно со екипите на: Адемар Леон (ШПА), Висла Плоцк (ПОЛ), Чеховски Медведи (РУС), Феникс Тулуз (ФРА) и Фејверс (АВС).

За тимот на Металург Скопје ова е тешка група, која ќе понуди вистински дуели во сите 10 натпревари. Но, да се надеваме дека ќе изборат пласман во екипите кои водат во следната фаза.

Еуфорарм Пелистер е избран во Група Д, заедно со екипите на: Татабања (УНГ), Кадетен Шафхаузен (ШВА), Р.Н. Лувен (ГЕР), ГОГ (ДАН) и Тримо Требње (СЛО).

За екипата на Еурофарм Пелистер можеме да кажеме дека имале среќа во ждребот и се со реални шанси за пласман во понатаму. Но, останува истото и за овој наш претставник – ќе гледаме одличен ракомет во сите натпревари.

Во Група Б се: Ним (ФРА), Динамо Букурешт (РОМ), Татран Прешов (СВК), Фуксе Берлин (ГЕР), Спортинг Лисабон (ПОР) и Кристијанштад (ШВЕ).
Во Група Ц се: Магдебург (ГЕР), Алингсас (ШВЕ), Бешикташ (ТУР), Монпелје (ФРА), Нексе (ХРВ) и ЦСКА Москва (РУС).

Натпреварите од групната фаза ќе започнат на 20-ти октомври, а четирите најдобропласирани екипи од секоја група ќе продолжат во осминафиналето на Лига Европа.

Сподели

Можеби ќе ве интересира