Металург обезбеди плеј-оф разигрување за титулата!

Со денешната победа над РК Работнички, во салата „Јане Сандански“, Металург обезбеди плеј-оф разигрување и борба за титулата во македонската ракометна Суперлига.

Металург водеше константно во текот на целиот натпревар и не дозволи простор за евентуално изненадување и поматување на сметките за следната фаза. Мора првин да се напомене дека Ончев имаше одличен меч каде постигна дури 12 погодоци за својот Работнички. Кај победничкиот тим, Хорват и Додиќ постигнаа по 6. Потоа, треба да се потенцира и дека Металург промаши дури 6 седмерци, односно 4/10. Сепак, ракометарите беа успешни во сокривање на овие пропусти со добра игра во одбраната.

До крајот на регуларниот дел, Металург игра уште три средби: со Младост и со Бутел во „Автокоманда“ и со Тиквеш во Кавадарци. Ќе има голема борба за останатите две позиции помеѓу Бутел (21 бод и 3 средби), Еурофарм Пелистер 2 (18 бодови и 2 средби) и Прилеп (13 бодови и 3 средби).

Групата А заврши, а место во следната фаза обезбедија екипите на Охрид (12/12 без пораз), Тинекс Пролет и Струга.

Сподели

Можеби ќе ве интересира