Металург поуспешен од Еурофарм Пелистер 2

На отворањето на новата сезона во првата машка ракометна лига, тимот на Металург Скопје забележа победа против вториот тим на Еурофарм Пелистер. Натпреварот заврши со 25:21 за домаќините.

Металург ја оправда фаворитската улога на стартот и со солидна победа го започна патот до успехот во втората група Б.

Од останатите дуели, Бутел Скопје убедливо го совлада Работнички на негов терен со 23:33, Јуниор КВ дома загуби од Тинекс Пролет Скопје со 20:26, Охрид на гости ја победи екипата на Голден Арт КЛ7, Младост со 27:25 го совлада Тиквеш, а во интересна завршница, поуспешен тим од Радовиш беше Астраион Струмица со 34:33.

Второто коло започнува на 14.09 (понеденик) од 18:00 часот.

Сподели

Можеби ќе ве интересира