Металург против Тулуз-прва рунда од Европската Лига, каков состав имаат французите?

Машкиот ракометен клуб Металург Скопје, денеска ја започнува тешката и долга битка во рамките на Европската лига на ЕХФ.

Во првата рунда, еден од нашите претставници игра со француски Тулуз, силна и незгодна екипа иако во последните 4 натпревари од француското првенство има 4 порази. Единствената победа во лигата ја оствариле над Шамбери, помеѓу двомеч средбите со Потаиса Турда во ЕХФ ЕЛ.

Металург Скопје одигра контролен натпревар со РК Вардар 1961 во кој загуби со 37:28. Веќе 20 дена се без официјален натпревар од последната средба со Криенс, бидејќи македонската лига е во прекин.

Тулуз е апсолутен фаворит во овој натпревар, но да се надеваме дека избраниците на Зоран Кастратовиќ ќе ја израдуваат македонската публика со максимален пристап и одлична игра на тешкото гостување.

Директен пренос од натпреварот ќе се емитува на МТВ 1, со почеток во 18:40 часот.

Само да напоменеме дека РК Еурофарм Пелистер чека на својот дебитантски настап во Европската лига. Денешниот натпреварот со Татабања беше одложен, па својот прв дуел ќе го одиграат на 27-ми октомври во Данска против ГОГ, во рамките на втората рунда.

Металург Скопје во Франција ќе може да смета на следниве ракометари:

Дупјачанец, Ѓорѓески, Хорват, Маркоски, Рниќ, Тарабокија, Потиќ, Поповиќ, Канкараш, Лазаревски, Шилегов, Мариќ, Младеновиќ, Додиќ и Кондев.

Тие вчера доцна навечер пристигнаа во „Палатата на спортовите“ по напорниот пат. Првин до Белград, па Париз и на крај во Тулуз.

Во продолжение, можете да го погледнете и составот на Тулуз кој е пријавен за натпреварите во ЕХФ ЕЛ од страна на тренерот Филип Гарден:

Сподели

Можеби ќе ве интересира