Металург Скопје се пласираше во ракометната Лига Европа

Ракометарите на Металург Скопје се пласираа во Лига Европа (поранешен ЕХФ Куп) и покрај поразот во реванш дуелот во последната рунда од квалификациите.

Тие во Цирих беа минимално поразени од Криенс со 22:21 (12:11), но ќе играат во главната фаза од Лига Европа поради победата од 26:24 во првиот меч на домашен терен.

Наскоро поопширна најава за групната фаза, каде веќе директен член е тимот на Еурофарм Пелистер.

Сподели

Можеби ќе ве интересира