Металург со плус два, Хорват без грешка

Металург Скопје со 26:24 (14:13) го победи швајцарскиот тим Криенс, во првиот меч од последната квалификациска рунда за пласман во ракометна Лига Европа.

Златко Хорват имаше одлична вечер со 8 постигнати голови од 8 обиди, а друштво на врвот од листата на стрелците му правеше Марко Тарабокија со 8/9. Во гостинскиот состав, најефикасен беше Јернеј Папеж со 6 погодоци.

Реванш натпреварот во Цирих се игра за седум дена со почеток во 18:45 часот.

Сподели

Можеби ќе ве интересира