Младите на Пелистер од рутинско водство до просечна победа

Вториот тим на РК Еурофарм Пелистер славеше со 28:25 над Прилеп. Иако на полувреме водеа со 17:10, вториот дел му припадна на гостинот кој сепак само го намали заостанувањето бидејќи немаше доволно сили за подраматична завршница.

Победата со сигурност беше обезбедена по првите 30 минути, па младите пелистерци сега се на учинок од 3 победи и 3 порази со 9 освоени бодови на 3-та позиција во Група Б, зад Бутел и Металург. Во домашниот тим, Кузмановски постигна 6 а Стоилевски 5. Кај поразениот тим, Чантурија беше и најефикасен на мечот со 11 погодоци.

Моментално се игра средбата помеѓу Радовиш и Јуниор, а вчера, Голден Арт славеше над Тинекс Пролет со 32:30 и Металург Скопје го победи Работнички со 26:20.

Сподели

Можеби ќе ве интересира