МРК Куманово се изедначи со Вардар-Неготино, РК Шампион игра шампионски

Готова е третата рунда од Првата машка ракометна лига на Македонија, откако денеска се одиграа сите 8 дуели од двете групи.

Домаќини на мини-турнирите беа РК Преспа во Група А и РК Делчево на групата Б.

РК Шампион продолжи со одличните игри и ја забележа третата победа по ред. Тие беа поуспешни од тимот на ГРК Борец, кој е на биланс 1/3. Во 14:45 часот, РК Риниа беше декласирана со 32:53 од тимот на РК Јехона. Риниа е се уште без победа, а Јехона е моментално во „позитива“. Во третиот термин од 17:00 часот, РК Аеродром исто така беше убедлив и со +25 голови разлика го победи тмот на РК Кичево. „Аеродромци“ се на 7 освоени бодови, додека пак составот на Кичево е залепен на дното од табелата. Во последниот натпревар, домаќинот РК Преспа загуби во тесен дуел од екипата на РК Драчево со 24:25.

Во Група Б, РК Македонија Ѓ.П. ја отвори рундата со мал број на погодоци но ги „собра“ бодовите со 21:19 во дуел со РК Текстилец, а РК Скопје, со +13 голови разлика, го совлада Делчево-Вардар. Нешто подоцна, втората екипа на Металург, со 35:21 беше подобра од РК Вардар-Неготино и му овозможи на МРК Куманово да се изедначи со истоимениот тим по број на освоени бодови. Кумановци беа поуспешни од РК Партизан-Скопје во последниот дуел со 30:18 и се искачија на 3-та позиција.

Следната рунда е закажана за 17-ти октомври, односно следниот викенд.

Сподели

Можеби ќе ве интересира