Не чекавме долго, го добивме првиот службен резултат на СП во Египет!

Бевме загрижени, и еве се случи по краток период – го добивме првиот службен резултат на Светското првенство во ракомет, кое оваа година се одржува во земјата на пирамидите, Египет.

Денешниот натпревар помеѓу Германија и Зеленортските Острови ќе биде регистриран со 10:0 за германскиот тим, а причината е повеќе од јасна – африканската селекција нема доволен број на подготвени ракометари, по денешното ново тестирање. Се појавиле уште два позитивни случаи, па екипата е со 9 играчи, а според правилата, потребно е најмалку 10 од кои еден ќе биде голман.

Зеленортските Острови би можеле да излезат на терен во последната рунда со Уругвај, доколку повикаат некој играч кој бил на поширокиот список. Овој дуел ќе одлучува кој да продолжи во следната фаза, а од досегашната презентација, имаат големи шанси против јужноамериканската репрезентација.

Оваа држава имаше проблеми во својот состав и пред почетокот, кога беа неизвесни за учество. Пристигнаа во Египет со само 11 играчи.

Сподели

Можеби ќе ве интересира