Нов мини-турнир во машката Прва ракометна лига

Денеска на програмата е нов мини-турнир како четврта рунда од машката Прва ракометна лига на Македонија.

Домаќин во Група А ќе биде ракометниот клуб Риниа, а во Група Б, турнирот ќе биде организиран од страна на РК Македонија Ѓорче Петров.

Првите натпревари и во двете групи веќе започнаа во 12:15 часот. Во Група А, каде лидер е тимот на Шампион со 9 можни бодови, првиот меч го играат ГРК Борец и РК Аеродром. Во Група Б, први на табелата се РК Металург 2 и РК Скопје и исто така максимален учинок од 3 победи, рундата ја отворија РК Вардар-Неготино и РК Скопје 2020.

Останати натпревари од четвртата рунда во Првата машка ракометна лига:

Група А:

14:30 Шампион – Драчево
16:45 Јехона – Преспа
19:00 Кичево – Риниа

Група Б:

14:30 Делчево-Вардар – Куманово
16:45 Текстилец – Партизан Спорт
19:00 Македонија ЃП – Металург 2

Сподели

Можеби ќе ве интересира