Нора Морк ја одведе Норвешка во финале – дали Франција ќе биде „тврд орев“!?

Финале на Европско Првенство во ракомет за жени – Норвешка против Франција, Нора Морк против жилавиот состав на Оливије Крумболз, две фантастични екипи една против друга, за врвот на Европа.

Норвешка славеше во скандинавскиот дуел против Данска со 27:24, иако на полувреме губеше со 10:13. Нора Морк и екипата имаа сили за пресврт и обезбедија финале. Франција пак, рутински се справи со младиот и изморен состав на Хрватска победувајќи со 30:19 од лесни 15:5 во првиот дел. Дуелот е закажан за во недела од 18:00 часот, а во 15:30 пак, ќе играат Хрватска и Данска за бронзениот медал.

По одиграни 7 натпревари, апсолутен лидер на листата е Нора Морк со 48 погодоци од 62 обиди за неверојатни 77% успешност. Одличната ракометарка има и 23 асистенции и само 4 промашени удари од 7 метри – 28/32.

Денеска го имавме и натпреварот за 5-то место, каде поуспешна беше селекцијата на Русија со 33:27 против Холандија.

Сподели

Можеби ќе ве интересира