Одложена средбата со ПСЖ, тимот на Вардар во карантин

Се одложи натпреварот од 6-та рунда во Група А помеѓу Париз Сен Жермен и Вардар 1961, што требаше да се одигра утре во во Франција со почеток од 18:45 часот.

Причината за откажувањето на натпреварот е таа што тимот на Вардар 1961 пријави дека има членови позитивни на Ковид-19 на последното тестирање. По консултациите со ЕХФ, решено е дуелот да биде одложен, па да биде закажан дополнително во друг термин.

За нашата екипа, ова ќе биде трет одложен натпревар, по оној со Елверум и ПИК Сегед. Досега, ПСЖ има само еден одложен меч, оној со унгарски Сегед.

Сподели

Можеби ќе ве интересира