Одложен е натпреварот на Вардар со Елверум


Натпреварот од 2. коло од ЕХФ лигата на шампиони, помеѓу Вардар 1961 и Елверум што требаше да се одигра на 24. септември 2020 година во Скопје, е одложен.

Поради рестрикциите од страна на Норвешка поврзани со патувањето на тимот на Елверум во Скопје, и потоа задолжителното задржување во карантин по враќањето во земјата е причина за одложување на натпреварот, стои во соопштението на РК Вардар 1961.

Во писмото од ЕХФ до клубовите се вели дека и претходно целта била да нема долго задржување на екипите во карантин, особено не во ЕХФ лигата на шампионите каде сезоната во групната фаза треба да трае до крајот на февруари 2021 година.

ЕХФ ќе остане во контакт со клубовите и ќе работи на дефинирање на нов датум на одржување на средбата.

Сподели

Можеби ќе ве интересира