Охрид го прегази Радовиш, Струга > Струмица, денеска се игра Група Б

Па пауза од еден месец, вчера се одиграа првите натпреварите во машката ракометна Суперлига. Во група А беа одиграни два натпревари, а беше одложена средбата помеѓу Голден Арт на Кирил Лазаров и Тинекс Пролет од Скопје.

Охрид го прегази тимот на Радовиш со високи 32:11, а во Струмица, Астраион и ракометниот клуб Струга одиграа вистински класик за наши услови. Можевме да гледаме тесен и неизвесен натпревар, но на крајот пресуди и предноста од 4 погодоци на полувреме, па стружани запишаа втора победа во две одиграни рунди, со 28:30. За разлика од овој меч, во Охрид се изгледаше рутински па домашниот тим оствари убедлива и е на максимален учинок со +27 погодоци разлика.

Денеска на програмата ја имаме групата Б, каде е планирано да се одиграат сите три средби. Во 19:00 часот, во спортската сала „Андон Димитров“, РК Бутел Скопје го пречекува составот на Еурофарм Пелистер 2. Половина час подоцна играат Тиквеш и Прилеп, а рундата ќе ја затвори Металург Скопје на гостувањето кај Младост 1977.



Сподели

Можеби ќе ве интересира