ПЛМ: Убедливи победи на Аеродром, Металург 2 и Куманово, денеска нови пресметки

Во четвртата рунда од машката ракометна Прва лига, вчера добивме неколку убедливи резултати.

Во Група А, домаќин беше РК Риниа кој воедно и го одигра првиот натпревар со РК Кичево. Домаќините беа подобри со 33:28 со што ја запишаа првата победа во новата сезона. После нив, РК Јехона во тесен и неизвесен дуел славеше над РК Преспа минимално со 25:24. Нешто посигурна игра покажа РК Драчево, кој беше поуспешен од РК Шампион со 29:37. Во последниот натпревар, ГРК Борец забележа убедлив пораз од РК Аеродром со 21 погодок негатива, односно 24:45. По 10 освоени бодови имаат Аеродром и Драчево и се на делба на првата позиција, бидејќи првиот пораз го забележа составот на Шампион.

Во Група Б, турнирот во оваа рунда го организираше тимот на Македонија ЃП, кој беше декласиран од РК Металург 2 со огромни 22:39. Веднаш по нивната пресметка, РК Текстилец ја оствари втората победа во четвртиот настап. Тие беа подобри од РК Партизан Спорт со 25:22. Во терминот од 16:45, МРК Куманово лесно се справи со РК Делчево и забележа убедлив триумф од 35:23. За крај, РК Скопје го победи тимот на Вардар-Неготино со 38:32, и не му дозволи на Металург да се одлепи од лидерската позиција. Зад нив е составот на Куманово со 9 бодови.

Денеска на програмата е веднаш и петтата рунда. Во Група А, организатор на мини-турнирот ќе биде екипата на РК Драчево, додека пак во групата Б, тоа ќе биде МРК Куманово.

Директни преноси од сите натпревари ќе врши ракометната федерација на Македонија на нивниот официјален Јутјуб канал – RFM HANDBALL.

ГРУПА А:

18/10/2020РК АЕРОДРОМ – РК ШАМПИОН12:15
18/10/2020РК ПРЕСПА 2015 – РК КИЧЕВО 202014:30
18/10/2020РК РИНИА М – ГРК БОРЕЦ16:45
18/10/2020РК ДРАЧЕВО – РК ЈЕХОНА19:00

ГРУПА Б:

18/10/2020РК МЕТАЛУРГ-РА – РК ТЕКСТИЛЕЦ12:15
18/10/2020МРК КУМАНОВО – РК ВАРДАР НЕГОТИНО14:30
18/10/2020РК СКОПЈЕ 2020 – РК МАКЕДОНИЈА Ѓ.П.16:45
18/10/2020РК ПАРТИЗАН-2016 СПОРТ – РК ДЕЛЧЕВО-ВАРДАР19:00



Сподели

Можеби ќе ве интересира