Пораз на Металург во Тулуз, Кастратовиќ: Некои сегменти беа одлучувачки…

Ракометниот клуб Металург од Скопје го загуби првиот натпревар од групната фаза во Европската лига на ЕХФ. Металурзите беа послаб противник во вчерашниот дуел во Франција, против составот на Тулуз со 33:29.

Екипата на Тулуз имаше резултатска предност во текот на целиот натпревар, го диктираше темпото на игра и не му дозволи на Металург ниту еднаш да има позитивен резултат, а највисоката предност беше 5 погодоци. Во врска со листата на стрелците, силниот пивот Јакобсен имаше фантастичен ден па беше идеален со 9 погодоци од исто толку обиди. На голот на французите се покажа Летенс со 15 одбрани. Кај нашиот тим, Поповиќ постигна 9, а Дупјачанец имаше 9 одбрани.

Тренерот Кастратовиќ го даде своето видување на редовната прес-конференција и посочи дека големиот број на загубени топки и недоволната ангажираност во одбраната биле одлучувачки во овој пораз.

Најпрво сакам да му честитам на противникот за победата. Ние овде дојдовме по добар резултат, но не успаевме во тоа поради лошата концентрација во одбраната во одредени моменти. Имавме проблеми во одбраната, загубивме многу топки, не успеаевме да ја сопреме нивната транзиција. Нашата одбрана 6-0 денеска не беше добра како на претходните натпревари. Исто така, би сакал да му честитам на мојот тим за енергијата на овој меч, кој, за жал, го загубивме. Сепак, имаме уште девет натпревари во Лигата Европа и можност да играме подобро и да оствариме некоја победа.

Останати резултати од Група А:

18:45 Чеховски Медведи – Адемар Леон (одложено)
20:45 Висла Плоцк – Фиверс  32:23 (17:15)

Шанса за поправен испит, тимот на Металург Скопје ќе има следниот вторник. Во рамките на втората рунда, гостува екипата на Висла Плоцк.

Сподели

Можеби ќе ве интересира