Порто го совлада Мешков, Митревски со 13 одбрани

Денеска на програмата беа 4 дуели од второто коло во ракометната Лига на шампиони.

Во првиот термин од 18:45, на првиот натпревар, Олборг беше убедлив и со 38:29 го растури Мотор. Лукас Сандел, Николај Кристенсен и Јонас Самуелсон постигнаа по 7 голови.

Во исто време се играше и Виве Киелце со Пик Сегед. Полскиот тим забежа победа од 26:23, а најефикасен беше Алекс Дујшебаев со 8 од 11 . Кањељас со 11 голови од 18 обиди, без помош од соиграчите не успеа да обезбеди подобар резултат на гостувањето во Киелце.

Нешто подоцна, во терминот од 20:45 се одиграа две средби. ПСЖ во својот прв настап загуби од Фленсбург, па ова се води како едно мало изненадување, иако германскиот тим во првиот меч победи на домашен терен и е веќе подготвен за тешки натпревари. За лошата партија на парижани, доволно покажува и податокот дека Лука Карабатиќ е прв стрелец со 5 погодоци. Кај гостите, 8 постигна Хампус Ване.

Во вториот натпревар, кој за нас е и најважен, тимот на Порто го совлада Мешков Брест со 27:25. Екипата на нашиот голман Никола Митревски, ја оствари првата победа откако минатото коло на домашен терен несреќно загуби од Елверум. Најефикасен во португалскиот тим беше Антонио Родригез со 5 погодоци, а за гостите Марко Паниќ со 8 од 12. Нашиот репрезентативец, Митревски, забележа огромни 13 интервенции.

Утре се играат останатите три средби, бидејќи знаеме дека натпреваро на Вардар и Елверум е одложен:

18:45 Кил – Нант
18:45 Веспрем – Загреб
20:45 Барселона – Цеље

Сподели

Можеби ќе ве интересира