По повеќе од месец дена пауза, машкиот суперлигашки ракомет е повторно активен

Машката ракометна Суперлига денеска повторно ќе се активира, откако беше целосно прекината на 15-ти септември по одиграните натпревари во првата група.

Откако вчера беа извршени сите тестирања, денеска продолжува Група А, но ќе бидат одиграни само два натпревари од вкупните три. Одложена е средбата помеѓу Голден Арт КЛ7 и Пролет. Со почеток во 18:30, ќе бидат одиграни дуелите на ГРК Охрид – РК Радовиш и РК Астраион – РК Струга, додека слободна е екипата на РК Јуниор.

Утре пак, планирано е да се играат и натпреварите од Група Б, иако во дел од екипите има случаи со позитивни тестови. Силите ќе ги одмерат: РК Бутел против РК Еурофарм Пелистер 2, ГРК Тиквеш е домаќин на РК Прилеп и РК Металурт гостува во Богданци кај РК Младост, а слободен е тимот на РК Работнички.

Планот на Ракометната федерација беше првенството да продолжи минатата недела на 14-ти октомври, но беше одложено за денеска.

Сподели

Можеби ќе ве интересира