По фудбалот, нови одлуки и за ракометот!

Ракометната федерација на Македонија ги исвести клубовите од машка и женска конкуренција, дека од денес сите натпреварувања се ставени во мирување.

Одлуката се должи на измените во Протоколот за организација на спортски натпревари во услови на пандемија кој беше официјализиран во текот на вчерашниот ден.

„Ве известуваме дека натпреварите при национален систем на РФМ во Суперлигата и Првата машка ракометна лига и натпреварите од женската ракометна лига се ставени во мирување. Мирувањето се должи согласно измените на Општиот протокол за организирање на спортски настани во услови на пандемија со ковид-19, објавен во Службен весник на Македонија“, стои во соопштението.

Сподели

Можеби ќе ве интересира