Пролонгиран подготвителниот период, СЕХА лигата стартува за две недели

Иако првично беше најавено дека утре, на 10-ти октомври (недела), ќе започне новата сезона од регионалното ракометно натпреварување, СЕХА лигата, според најновите информации тоа не е така. Новиот почеток се очекува да биде за две недели, односно на 23-ти октомври.

Оваа година ги имаме истите членови поделени во две групи, но со по 5 тима. Пробната сезона од минатата година заврши за Беижинг Универзитет и ЦСКА Москва, кои служеа само за поправување на гол разликата.

Наскоро се очекува комплетниот распоред за сите рунди, па можеме и конечно да ги видиме саатниците на македонските претставници.

РК Вардар 1961 останува во Група А, додека РК Еурофарм Пелистер е во групата Б.

Оваа сезона ќе биде понапорна од претходните бидејќи организаторите сепак одлучија да го започнат првенството во овие специфични услови.

Само за потсетување, ланскиот шампион е унгарски Веспрем, кој беше подобар од нашиот Вардар, а третата позиција ја освои Мешков Брест во дуел со ППД Загреб.

Сподели

Можеби ќе ве интересира