Ракометарите на одмор, Еурофарм Пелистер почнува со подготовки на осми јануари

Со завршувањето на натпреварот од првата рунда во групата А на СЕХА Гаспром лигата против Металопластика во понеделникот, завршија активностите и на РК Еурофарм Пелистер за есенската полусезона. Сите ракометари се на одмор, со исклучок на оние кои ќе бидат дел од националните репрезентации.

Клубот извести дека со подготовки за вториот дел од сезоната, екипата ќе започне на 8-ми јануари во Битола. По Божиќните празници, Бабиќ ќе прозива во спортската сала „Јован Калаузи“ во Битола, каде ракометарите ќе тренираат неполни две недели. Централната фаза на подготовки е предвидена од 20-ти до 30-ти јануари 2021 година, а веројатно база на екипата ќе биде Хрватска. Клубот предвидува одигрување на неколку контролни натпревари, за кои дополнително ќе информира.

Првиот натпревар во новата година е предвиден за 6-ти февруари, кога во рамките од второто коло на СЕХА Гаспром лигата, Еурофарм Пелистер ќе гостува кај ППД Загреб.

Сподели

Можеби ќе ве интересира