РАКОМЕТ ЖЕНИ: Куманово и Вардар ремизираа, Металург лесно го совлада Ѓ.П.

Вчера на програмата беа средбите од 10-та рунда во Првата женска ракометна лига на Македонија.

Во дерби дуелот помеѓу ЖРК Вардар СЦБТ и ЖРК Куманово во Скопје добивме нерешен резултат од 28:28. Од гостинскиот тим на Ненад Краљевски се пожалија дека во последниот напад имале поништен погодок на нивната ракометарка, но сепак се задоволни со постигнатиот успех.

Директниот конкурент на Куманово за првата позиција, тимот на Металург Скопје, оствари висока и лесна победа на гостувањето кај ЖРК Ѓорче Петров со 18:35. Екипата има и натпревар помалку, па сега ситуацијата на табелата гласи:

1.Куманово 25 б
2.Вардар 22 б
2.Металург 21 б (-1 рунда)

Сподели

Можеби ќе ве интересира