РАКОМЕТ ЖЕНИ: Металург постигна 52, Куманово 35…

Вчера се одиграа три средби во рамките на 5-та рунда од женската ракометна Суперлига на Македонија.

Во терминот од 16:00 часот, екипата на ЖРК Металург постигна неверојатни 52 погодоци против тимот на ЖРК Кузман-Вардар, кој остана на само 11 и забележа катастрофален пораз, но во дуел со еден од најсилните колективи во лигата. На врвот од листата на стрелците беше Дамчевска од Металург со 10 постигнати голови.

ЖРК Куманово тргна во поход по нови 3 поени во исто време како и тимот со кој го делат првото место. Кумановки беа апсолутно успешни и со 19:35 славеа на гостувањето кај ЖРК Шампион, а Шарановиќ се запиша 8 пати во листата на стрелците.

Во последната средба од 18:00 часот, Спартак ја пречека Стружанка и загуби со 20:26.
Одложени беа дуелите на Чаир-Вардар, Пелистер-Кометал ЃП и Овче Поле-Деспина.

Во следната рунда (утре), составот на Металург е слободен, а Куманово игра со Кузман-Вардар на домашен терен.

Сподели

Можеби ќе ве интересира