РАКОМЕТ ЖЕНИ: Убедливи победи на Куманово, Металург и Вардар

Денеска на програмата се најдоа 6 натпревари од 4-та рунда во женската ракометна Суперлига на Македонија.

Убедливи победи остварија ЖРК Куманово, ЖРК Металург Скопје и ЖРК Вардар СЦБТ.

Во Куманово, тимот на Овче Поле загуби со 18:49 (7:28). Кај кумановки, Мила Трајковиќ и Јована Кипријановска го поделија првото место во листата на стрелци со по 8 погодоци.
Во Скопје пак, Металург го прегази тимот на Шампион со 51:18 а на полувреме резултатот беше 22:12.
Женскиот тим на Вардар беше подобар од вечниот ривал Пелистер со 39:17 (15:8).

Останати резултати:

Стружанка 25:25 Гевгелија
Кометал ЃП 22:36 Спартак
Деспина 23:24 Чаир

Слободна екипа во оваа рунда беше составот на Кузман Вардар.

Сподели

Можеби ќе ве интересира