РК Вардар гостува кај Порто, познат составот со новото засилување!

Ракометниот клуб Вардар 1961 за помалку од еден час ќе го започне дуелот со екипата на Порто, во рамките на Лигата на Шампионите.

Порто доаѓа од долга натпреварувачка пауза, кога последниот дуел го одигра на 22-ри декември минатата година, а Вардар по две победи по ред во регионалната Сеха лига пред 3 денови. Португалците одиграа 3 натпревари повеќе и имаат учинок од 2 победи, 2 нерешени и 2 изгубени мечеви. Вардар е надното од групата по 5 одиграни дуели со 1 победа, 1 реми и 3 порази.

Во составот на Алушовски би требало да дебитира и новото засилување, Васко Шеваљевиќ кој игра како лев бек.

Натпреварот помеѓу Порто и Вардар е на програмата на МТВ 1, со почеток од 20:45 часот.

Сподели

Можеби ќе ве интересира