РК Вардар 1961 утре го започнува “Тешкото“

Ракометниот клуб Вардар 1961, утре го игра својот прв натпревар од групната фаза во ракометната Лига на Шампиони. Новиот проект на чело со Стевче Алушовски како главен тренер, ќе има тешка задача првин на оваа гостување, а подоцна и на останатите натпревари бидејќи е дел од пеколна група со вкупно 8 екипи.

Во новиот формат на ЕХФ, натпреварувањето е одредено со Група А и Група Б, а со вкупно 16 екипи. Првите 2 од групите одат во четвртфинале, од 3 до 6 место одат во плеј-оф (за да се формираат 4 натпревари со 8 екипи пред Ф4), а 7 и 8 место го завршуваат натпреварувањето.

Моменталниот состав на РК Вардар 1961 изгледа вака:

Голман: Марко Кизиќ, Робин Кантегрел и Борко Ристовски
Среден бек: Мартин Карапалевски, Ловро Јотиќ и Анте Гаџа
Лев бек: Кристијан Дисингер, Филип Талески и Марко Мишевски
Десен бек: Марко Вујин, Томислав Југуриновски и Јосип Векиќ
Пикер: Глеб Калараш, Патрик Валчак, Стојанче Стоилов и Давид Гашоски
Лево крило: Тимур Дибиров и Димитар Димитриоски
Десно крило: Гоце Георгиевски и Иван Чупиќ

РК Вардар 1961 е во Група А, а друштво ќе му прават: Фленсбург, Мешков, Елверум, Сегед, ПСЖ, Виве Киелце и Порто.

Натпреварот против Мешков Брест се игра утре со почеток во 18:45, а ќе биде присутна и домашната публика.

Сподели

Можеби ќе ве интересира