РК Металург излезе од карантин – следува пеколен распоред!

Ракометниот клуб Металург Скопје конечно излезе од карантин во кој ги мина последните две седмици, па веднаш тргнува во акција.

Пред тимот од „Автокомадна“ следува пеколен распоред – Металург треба да одигра дури 7 натпревари во рок од 12 денови. Дуелите се во рамки на македонската Суперлига, но имаат и едно соочување во Лига Европа.

Првиот натпервар е денеска со почеток во 19:00 часот, кога на гостински терен ќе играат против екипата на Бутел.

16 декември, 19:00 часот, сала „Антон Димитров“:  Бутел – Металург (рунда 7)

18 декември, 16:00 часот, сала „Боро Чурлевски“:  Еурофарм Пелистер 2 – Металург (рунда 8)

20 декември, 17:00 часот, сала „Јане Сандански“:  Работнички – Металург (рунда 11)

22 декември, 18:45 часот, сала „Борис Трајковски“:  Металург – Фиверс (рунда 4 во Лига Европа)

23 декември, 20:00 часот, сала „Автокоманда“:  Металург – Младост Богданци (рунда 12)

25 декември, сала „Јасмин“:  Тиквеш – Металург (рунда 13)

27 декември, 20:00 часот, сала „Автокоманда“:  Металург – Бутел (рунда 14)

Сподели

Можеби ќе ве интересира