РК Работнички со позитивни тестови, следува целосен прекин на лигата?

Одложен е денешниот закажан дуел помеѓу РК Металург Скопје и РК Работнички, откако гостинскиот тим пријави 15 ракометари со позитивни Ковид-19 тестови.

Веќе сите играчи и стручниот штаб се во домашна изолација, а нема случаи со сериозни симптоми.

Претходно во мирување беше ставена Група А, откако коронавирусот се појави кај играчите на Голден Арт КЛ7 и Радовиш, а подоцна и кај тимовите на Охрид и Струга.

Се чека официјално соопштение на РФМ во врска со натпреварите од Група Б. Но, по се изгледа, не очекува целосна суспензија на машката ракометна Суперлига.

Натпреварот требаше да се одигра во 18:00 часот, во салата во „Автокоманда“.

Сподели

Можеби ќе ве интересира