СЕХА ЛИГА: Вардар ја пречекува Војводина, познат и составот за првиот натпревар!

Екипата на РК Вардар 1961 ја пречекува РК Војводина денеска од 17:45 часот, како прв официјален натпревар во новата година, но и прва средба за „црвено-црните“ во СЕХА Лига за сезона 2020/21.

Регионалното натпреварување започна доцна во минатата година, односно во средина од декември, како што веќе знаете поради големите проблеми кои ги зададе моменталната пандемија со корона вирус. Сезоната ја отворија Нексе и Војводина, каде славеше хрватскиот клуб со минимални 24:23. Во оваа група Б, е и екипата на Вардар, но и украинскиот Мотор. Вториот натпревар го одиграа екипите на Еурофарм Пелистер и Металопластика, како дуел од групата А. Битолскиот колектив славеше со 30:26. Прешов и Загреб се останатите две екипи кои ќе бидат препрека за „пелистерци“.

Директен пренос од денешниот меч на Вардар и Војводина ќе има на националниот сервис МТВ 1, а веќе е познат и целиот состав кој е повикан и ќе им биде на располагање на Алушовски и Недановски:

Вардар веќе во понеделник од 20:15 часот го пречекува Нексе, за да од 04.02.2021 година започне со долгиот и напорен пат во Лигата на Шампионите – 7 натпревари во рок од 3 недели.

Сподели

Можеби ќе ве интересира