Се враќа и женскиот ракомет, утре е првото коло

Откако стартуваше машката Суперлига, дојде време и за женската прва ракометна лига. Со почеток во 16:00 часот, утре во Битола и Струга се отвора првенството.

Тимот на Стружанка го пречекува Вардар СЦБТ, а Пелистер е домаќин на Металург Скопје. Еден час подоцна, тимот на Спартак ќе ги одмери силите со првиот кандидат за титулата, ЖРК Куманово. Во 19:30, Гевгелија ја пречекува Деспина, додека Овче Поле е домаќин на новиот член годинава, Шампион. Првото коло го затвораат тимовите на Чаир и Кузман Вардар во 20:30.

Сподели

Можеби ќе ве интересира