СКАНДАЛ ВО НАЈАВА: Судии од Косово наместиле натпревар во ЕХФ?

Balkan Handball

Натпреварот од првата рунда во групната фаза на Европската Лига при ЕХФ помеѓу Шафхаузен Кадетен и ГОГ во Швајцарија, е под истрага поради сомнение за наместена победа. Дуелот е завршен со 29:28 за домаќините со гол од пенал 1 секунда пред крајот, скоро и на истекот од времето.

Имено, неколку обложувалници го блокирале овој натпревар или драстично ги смениле коефициентите поради сомнителни уплати. Меѓу нив е и „Danske Spil“, кои се изјасниле во врска со овој настан. Тие потврдиле дека биле сведоци на чудни уплати и менување на коефициенти.

Не можеме да одиме во детали, ама можеме да откриеме дека случајот го пријавивме во меѓународната служба која работи во откривање на вакви сомнителни натпревари, за кои има големи докази, – објасниле од обложувалницата за данските медиуми.

Уште еден портал од Данска, fyens.dk, со голема сигурност тврди дека судиите од Косово, Арсим Витаку и Ердоган Витаку, се вмешани во местење на овој натпревар и имале за задача домашниот тим да стигне до победа, што и се случило на самиот крај.

Ова е натпревар од групата Д, а нашиот претставник РК Еурофарм Пелистер, својот дебитантски настап ќе го има токму против ГОГ (наводно оштетената екипа од овој случај) во Данска, на 27-ми октомври.

(Преземено од Balkan Handball)

Сподели

Можеби ќе ве интересира