Составот на РК Еурофарм Пелистер за новата сезона

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер од Битола, ги објави официјалните броеви на сите членови за новата 2020/21 сезона. Тимот ќе се натпреварува во регионалната СЕХА Лига и Лига Европа, за која веќе е познат и распоредот до крајот на групната фаза.

Еурофарм Пелистер 2020/21:

21. Градимир Чаневски (капитен)
16. Благојче Трајковски
4. Никола Марковски
59. Елмир Граџан
10. Томислав Кушан
23. Марин Вегар
7. Дејан Кукуловски
24. Милоран Кукоски
9. Стипе Мандалиниќ
11. Невен Стјепановиќ
30. Мартин Велковски
2. Матео Мареш
3. Гоце Ојлески
6. Бојан Маџовски
13. Мирко Радовиќ
66. Милан Ѓукиќ
19. Ненад Костески
14. Марио Танкоски
18. Јосип Периќ

Жељко Бабиќ (тренер)
Божидар Мојсов (асистент тренер)
Ице Соколески (асистент тренер)

Димитар Митревски (спортски директор)
Никола Апостоловски (физиотерапевт)

Првиот официјален натпревар на ракометниот клуб во Лига Европа ќе биде на 27-ми октомври во 18:45 часот, откако средбата со Татабања за 20-ти октомври, денеска беше откажана. Причината е големиот број на заразени членови на ракометната екипа и стручниот штаб на Татабања со коронавирус. Дополнително ќе биде одредено кога овие тимови ќе ја завршат првата рунда.

Сподели

Можеби ќе ве интересира